| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот договор на Меси е како оној на Роналдо

Барселона е одлучна во намерата најдобриот играч на светот да го направи најплатен. Новиот договор на Лионел Меси треба да изнесува 21 милион евра по сезона без дополнителните бонуси и премии за постигнатите резултати.
Челниците на Барселона по враќањето на Меси од Аргентина одлучија да му понудат нов договор, односно да го изменат постоечкиот каде Меси заработува 16 милиони. Од клубот изјавуваат дека најдобриот играч на светот треба и најмногу да заработува.
Меси се врати од Аргентина каде заздравуваше од тешката повреда на бутниот мускул и која го оддалечи од терените повеќе од два месеца. Тој почна редовно да тренира со своите соиграчи и се очекува да настапи за својот клуб веќе во недела во првенствениот натпревар против Елче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top