Болничар вработен во општата болница во Струмица цел две години си ги ставал в џеб парите од пациентите. Така си присвоил речиси 1.640 евра.
СВР Струмица поднесе кривична пријава за Ѓ.А.(47) од село Еднокуќево, болничар во ЈЗУ Општа болница – Струмица, за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Во текот на 2011 и 2012 година, пријавениот заведувал партиципација на пациенти за извршени болнички услуги без притоа да им издаде потврда и фискална сметка, а наплатените пари во вкупен износ од 99.370 денари ги задржал за себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.