| четврток, 6 декември 2018 |

Наместо да запре, пијан возач прегазил сообраќајни полицајци

pijani vozaci

Пијан битолчанец наместо да го запре автомобилот, кога патрола на сообраќајната полиција му дала знак за тоа, го свтел управувачот кон полицајците и удрил во еден од нив. Веднаш потоа се обидел да избега, но неповредениот полицаец го уапсил. Алкотестот на возачот покажал застрашувачки 2,26 промила алкохол во крвта.

СВР Битола, соопшти дека пред Новата годинана улица  “Цар Самоил” во Битола од страна на полициски службеник поради сторен сообраќаен прекршок, бил даден знак за запирање на автомобил марка “Голф”, управуван од Д.С.(31) од Битола. Возачот не ја почитувал наредбата завртел со возилото, удрил еден од полициските службеници и се обидел да избега. Истиот е приведен, извршено му е алкотестирање и е утврдено присуство на алкохол во крвта од 2,26 промили. Против Д.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top