По започнувањето на зимскиот преоден рок кај фудбалерите во Европа се погласни се шпекулациите за трансфер на Давид Луиз во Барселона.
Клубот од Каталонија не успеа да го ангажира бразилскиот фудбалер во летниот преоден рок, но се чини дека овој пат ќе успее. Луиз не ја добива минутажата што ја очекува во Челси и со враќањето на Жозе Мурињо на „Стемфорд бриџ“ се помалку игра во првиот состав. За услугите на овој фудбалер најзагреана е Барселона која се очекува да испрати поголема финансиска понуда од летната кога не успеа да го донесе овој фантастичен играч од одбраната.
Жозе Муринњо по вчерашниот натпревар на Челси против Саутемтпон кој сините го добија со 3-0 изјави дека и Хуан Мата кој јавно проговори дека не е задоволен со минутажата може да го напушти тимот ако добие соодветно обештетување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.