
Од таборот на „росонерите“ демантираат дека проблематичниот напаѓач имал конфликт со сообраќаен полицаец на аеродромот во Милано. Клубот од „Сан Сиро“ соопшти дека Балотели е казнет поради непрописно паркирање, меѓутоа не се наведува оти влегол во „дискусија“ со полицаецот.
Според пишувањето на италијанските медиуми, Балотели на аедродромот заминал за да пречека неколку пријатели, кога му било речено да го помести своето возило, а тој потоа се паркирал во зона каде што тоа не било дозволено.
Како што пренесе „Газета дело Спорт“, Балотели најпрво ги послушал полицајците, но подоцна повторно застанал непрописно, по што ја добил и споменатата казна.
Контроверзниот италијански репрезентативец поради ова наводно бурно реагирал и влегол во вербален конфликт со сообраќаецот, по што интервенирала полицијата и ја смирила ситуацијата.
Балотели минатата седмица се врати во Италија, откако Милан за 20 милиони евра го купи од Манчестер Сити. Тој на деби настапот за својот омилен клуб, постигна два гола и ја донесе победата против Удинезе.
Извор: курир.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Силен ветар однесе пет жртви во Италија
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја


