Актерот Џејмс Авери, најмногу познат по неговата улога на чичко Фил во серијата „Принцот од Бел Ер“, почина синоќа на 65-годишна возраст.
Оваа тажна вест ја соопшти утрово и актерот Алфонсо Риберио на неговиот Твитер:
– Со големо жалење морам да кажам дека Џејмс Авери почина. Тој ми беше како втор татко. Многу ќе ми недостига- напиша Риберио.
Како што јавија странските медиуми, глумецот починал во болница во Лос Анџелес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.