| четврток, 6 декември 2018 |

Нуклеарни војни и погубувања- новогодишна порака во Веверна Кореја

severna koreaСевернокорејскиот лидер Кин Џонг-ун во новогодишната порака изјави дека на Корејскиот полуостров ќе му се случи нуклеарна катастрофа доколку тука повторно започне војна, предупредувајќи дека во тој случај ниту САД нема да бидат безбедни.

– Се соочуваме со опасна ситуација во која еден мал, случаен воен судир може да резултира со сеопшта војна- истакна Ким.

Лидерот на Северна Кореја додаде дека нема да моли за мир и вети дека ќе ја штити својата сиромашна, но нуклеарно вооружена земја со силни одбранбени мерки против непријателите.

Тој во новогодишната порака ја спомена и егзекуцијата на својот некогаш моќен чичко Џанг Сонг Тек, нарекувајќи го „ѓубре“, а неговото погубување „одлична акција“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top