Бурна ноќ на Итната медицинска помош, иако тие оценуваат дека оваа година имало помалку инциденти од минатата.
Најчеста причина за повик се лица во алкохолизирана состојба, вкупно 23, од кои 13 биле веднаш префрлени на Клиниката за токсикологија. Од нив 15 се машки, а 8 припаднички на понежниот пол. Најмладиот пациент имал 14 години, а 11 се малолетници. Од таму и оценката дека апелите вродиле со плод- новогодишна ноќ имало најмал број на пациенти завршиле на Токсикологија во изминативе пет години.
Итната помош во текот на новогодишната ноќ извршила 129 интервенции. Петмина биле повредени во тепачки, од кои тројца во главата, а еден со нож на екстремитетите. Сите се хоспитализирани.
Најчеста причина за повик се лица во алкохолизирана состојба, вкупно 20, од кои 13 биле веднаш префрлени на Клиниката за токсикологија. Во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ се примени 52 пациенти, најчесто повредени од петарди и во тепачки. Од петарда било повредено и дете родено во 2001 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поради недостаток на доктори: Матичните лекари ќе дежураат во Итна помош во Неготино
-
Од денеска може да купува пиво во кое било време од денот
-
Владата предлага укинување на временското ограничување за продажба на алкохол
-
Павлина Васкова, невропсихијатар: Зависнички од алкохол се најчесто жените интелектуалки, на високи позиции во претпријатијата


