Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со магла по одделни котлини. Ќе дува и слаб ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе се движи од еден до осум степени. Во Скопје температурата ќе достигне до четири степени.
Според астрономскиот календар, денеска е среда, 1 јануари, прв ден од 2014 година. Денот трае девет часа и 11 минути. Во Скопје Сонцето изгреа во седум часот и една минута, а ќе зајде во 16 часот и 12 минути. Месечината ќе изгрее во 6 часот и 34 минути, а ќе зајде во 16 часот и 37 минути. До крајот на годината остануваат 364 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


