Млад жител на битолско село потрошил 3000 денари на алкохол, а за да ги објасни парите пред домашните, пријавил во полиција дека го ограбиле.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Ј.(24) од село Суводило за дело лажно пријавување на кривично дело.
Во декември 2012 година, пријавениот во СВР Битола пријавил дека од страна на повеќе непознати лица бил физички нападнат и му биле одземени 3.000 денари, иако знаел дека вечерта се довел под дејство на алкохол и парите ги потрошил и на игра на среќа во казино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.