| четврток, 6 декември 2018 |

Интересен крај на 2013 година: Сонцето се преврте наопаку

Сонцето се преврте наопаку бидејќи неговиот северен и јужен пол ги замениле местата и стигнале до средината на 24- от соларен циклус.

Магнетните полиња сега ќе почнат повторно да се движат во спротивни правци како би се завршил 22 години долгиот процес, кој ќе доживее кулминација кога половите повторно ќе ги заменат местата.

– Вртењето на сончевото магнетно поле е навистина големо случување.  Областа на сончевото магнетно влијание, позната и како „хелиосфера“, се простира милијарда километри зад планетата Плутон. Влијанието од промената на поларитетите од магнетното поле се чувствува сé до зоната на сателитот „Војаџер“, на прагот од меѓуѕвездениот простор – вели др. Тони Филипс од НАСА.

За да го обележи овој значаен настан, НАСА објави визуелизација на целиот процес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top