| четврток, 6 декември 2018 |

„Фершпед“ не прифаќа член на Надзорен одбор од „КВЕСТ Инвестмент“

fersped250

Управниот одбор на „Фершпед“ го одби барањето на странскиот акционер „КВЕСТ Инвестмент“ од Лимасол (Кипар) за дополнување на дневниот ред на седницата на собранието на акционери закажана за 10 јануари.
„Барањето се одбива поради тоа што не е идентификуван подносителот, односно не може да се оцени дали е поднесено во согласност со одредбите од членот 390, став 4 и 5 од Законот за трговски друштва, а по проверка на акционерската книга е констатирано дека подносителот не ги исполнува законските услови бидејќи не е носител на 5 отсто од вкупниот број акции со право на глас“, пишува во соопштението на „Фершпед“ објавено на веб страната на Македонска берза.
Според Управниот одбор на „Фершпед“, „КВЕСТ Инвестмент“ поседува 497 акции што е 2,79 отсто од вкупниот број на акции со право на глас.
Адвокатот Венцислав Гушев, кој го застапува „КВЕСТ Инвестмент“ пред пет дена поднесе барање за дополнување на дневниот ред на седницата на собранието на акционери.
Гушев предложи покрај другите точки од дневниот ред Собранието да расправа и за избор на членови на Надзорен одбор на „Фершпед“ од акционерот „КВЕСТ Инвестмент“.
Барањето на застапникот на странскиот инвестиор во „Фершпед“ дојде откако не успеа барањето за одржување вонредно собрание на акционери по конфликот што настана меѓу мнозинските акционери во холдингот за превласт во управувањето.
Конфликтот во „Фершпед“ настана откако директорката Кираца Трајковска јавно прозборе дека во „Фершпед“ постојат малверзации и незаконито работење од страна на семејството Накови. Зад неа застана странскиот инвеститор и акционерот Драгослав Димевски. Акциите на Трајковска и на странските инвеститори се околу 35 проценти наспроти акциите на семејството Накови кои изнесуваат околу 25 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top