| четврток, 6 декември 2018 |

Првата дама со подароци за децата што новата година ќе ја дочекаат в болница

На ден прес истекот на старата година првата дама Маја Иванова заедно со проектот „Прегратка на дар“ и претставници од школата за млади лидери под покровителство на Претседателот Иванов подарија играчки, сликовници и пакетчиња од Бимилк на децата кои новата година поради болест ќе ја дочекаат во болница.

 „Многу ни е драго што имаме можност да подржиме една навистина благородна акција, која ни ги стоплува срцата и создава темел за едно похумано општество во кој идните генерации ќе растат со духот на солидарноста, подготвени да им помогнат на оние на кои им е најпотребно“, изјави Маја Иванова.

Проектот „Прегратка на дар“ е организиран од интернет медиумот Рингераја со генерално покровителство на  Бимилк. Во рамките на акцијата беа направени околу 7.500 играчки кои освен на децата во болниците ќе им бидат доделени и на домовите за деца без родители и други институции кои згрижуваат дечиња. За првпат оваа година дел од играчките беа изложени во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Лани „Прегратка на дар“ ја доби Националната награда за најдобра општествена практика за 2012 година од страна на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и ја претставуваше Македонија на „Европскиот систем за наградување на општествена одговорност на претпријатија“ во Брисел. Овој проект исто така е добитник на Европска награда за општествена одговорност која ја доделува Европската Комисија.

фото МКД.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top