
Српската поп дива Јелена Карлеуша на својот твитер профил јавно го осуди настапот на српската фолк дива Цеца Ражнатовиќ која за дочекот на Нова година ќе пее на платото пред собранието на Србија.

– Се срамам што пред Собранието на Србија ќе пее криминалец. Како Белграѓанка, чесен човек и јавна личност, тој потег го сметам за срам за Србија -напишала пејачката на својот твитер профил.
Како што е најавено, главна ѕвезда на прославата во Белград за 2014-та ќе биде Цеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


