| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре ќе се проверуваат саламите, колбасите и паштетите

кобасициПреработките од месо и меленото месо по Нова година ќе бидат во центарот на вниманието на Агенцијата за храна. Оттаму најавуваат силни инспекциски надзори за саламите, колбасите, виршлите и за другите преработки од месо,  пренесува Нова Македонија.

Засега месарите и трговците генерално го почитуваат новото правило меленото месо да биде спакувано, но сите не запишуваат на декларација што содржи тоа. Нашите информации велат дека не се прават контроли за прецизен состав на месото, но не и само за него. Составот тешко се контролира и за паштети, колбаси, виршли и за други месни производи.

Во контролите што ќе ги прават во Агенцијата за храна и за ветеринарство ќе се проверува и составот на паштетите, односно дали тоа што го пишува на декларацијата навистина е содржано во производот. Во правилникот за месо и преработки од месо, меѓу другото, јасно е прецизирано што треба да содржи една паштета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top