Леброн Џејмс се врати на паркетот по повредата и му помогна на својот тим Мајами за нова победа над Деневер во Пепси центар од 97-94.
Џејмс мечот го заврши со 26 поени 10 асистенции и шест скока. Сепак победата може скапо да го чини тимот од Мајами бидејќи се повреди Двејн Вејд. Реј Ален го искористи своето искуство и со неколку прецизни шутеви во финишот од натпреварот го донесе победникот.
Далас на гостински терен ја победи Минесота минимално со 100-98 благодарејќи на извонредниот ветеран Шон Мерион кој по неколку лоши сезони потсети на фантастичниот „матрикс“ од неговите почетоци. Тој постигна 32 и одигра одлична одбрана. Кај поразените Кевин Лав даде 36 поени, додека Пековиќ повторно имаше дабл-дабл учинок од 18 поени и 10 скока.
Резултати:
ЛА Клиперс-Феникс 88-107, Јута-Шарлот 83-80, Денвер-Мајами 94-97, Мемфис-Чикаго 91-95, Минесота-Далас 98-100, Њу Орлеанс-Портланд 110-108, Детроит-Вашингтон 99-106.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



