Хрватската полиција на граничниот премин меѓу Хрватска и Црна Гора откри повеќе од 35 килограми марихуана во автомобил управуван од албански државјанин.
Полицијата на Дубровничко-неретванската Жупанија соопшти дека на граничниот премин „Карасовиќ“, хрватските полицајци при гранична контрола пронашле 23 пакетчиња марихуана со вкупна тежина од 35 килограми и 656 грама, која била скриена во посебен резервоар во возило со албански регистарски таблички.
Со автомобилот управувал 54-годишен албански државјанин, кој бил уапсен.
Пазарната вредност на запленетата дрога се проценува на околу 69.000 евра, додека, според полицијата, ова количество во улична препродажба во Хрватска би достигнало вредност од околу 230.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.