Првичните информации од истрагата на руските безбедносни служби покажале дека вториот бомбашки напад во Волгоград го извршил Павел Печенкин, со потекло од градот Волжск, во републиката Мари Ел, а на бунтовниците им се приклучил во 2012 година, јави Гласот на Русија.
Според информациите, осомничениот 32-годишен бомбаш-самоубиец претходно работел како болничар. Кога заминал да им се придружи на милитантите во Дагестан во пролетта 2012 година на родителите им оставил пишана порака, а оттогаш со нив контактирал само два-три пати преку интернет. Татко му и мајка му отишле во Дагестан во септември годинава за да го побараат, но не успеале да го најдат, па затоа му пратиле снимена видеопорака и се вратиле назад. Во меѓувреме, нивниот син прифатил ново, исламско име, Ансар ар Руси.
Печенкин е осомничен дека го разнел тролејбусот во Волгоград, при што загинаа 14 луѓе, а повеќе од 30 се повредени. Позитивната индентификација ќе биде потврдена откако ќе заврши ДНК-тестот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спречен терористички напад во Франкфурт
-
Паника на СП: Блокиран московскиот аеродром, човек лежи на под со експлозив на грбот
-
Терористички напад во Германија: Автомобил влета во топла луѓе, возачот се застрелал по инцидентот
-
Четири терористи од ПКК се убиени од турската воена авијација во Северен Ирак