| четврток, 6 декември 2018 |

Учениците од денеска на зимски распуст

ucenici

Околу 280.000 ученици во основните и од средните училишта од денеска се на зимски распуст и во училишните клупи ќе се вратат на 20 јануари.

Второто полугодие ќе почне со екстерно тестирање на средношколците во завршна (трета или четврта) година. Тестовите по двата предмета ќе ги полагаат на 22-ри и на 24 јануари, а предметите ќе им бидат познати на 19 јануари. Тестирањето ќе биде според нов пристап, кој ќе им го олесни испитот на учениците зашто е креиран систем во кој се внесени прашањата по сите наставни предмети.

За другите ученици – од трето одделение до трета година средно – екстерното тестирање ќе биде на крајот на учебната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top