Опцијата „Панорамио“ во „Гугл Мапс“ на корисниците им овозможува да ги видат најфотографираните дестинации во светот.
Три од пет најфотографирани места на планетата се наоѓаат во Европската унија.
Њујорк е апсолутно најфотографираното место на светот. Рим, Барселона, Париз и Истанбул го сочинуваат остатокот од листата на петте најфотографирани дестинации, укажувајќи на тоа дека оваа услуга е се популарна во некои делови на светот, отколку во други.
Најпопуларните локации за фотографите на мапата се прикажани со жолта боја, која потоа полека преминува во портокалова, розова и виолетова, означувајќи ги на тој начин помалку популарните дестинации.
Фотографиите поделени преку „Панорамио“ можат да се прикажат на „Гугл Ерт“ и „Гугл Мапс“. Услугата од корисникот бара да ги организира фотографиите користејќи геотагови, за другите корисници полесно да ги пронајдат или полесно да ги следат темите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


