41-годишниот Флоријан Џера од село Ала Руп во близина на Поградец, денеска го загуби животот откако се лизнал и паднал во бездна на Галичица.
Како што пренесува интернет порталот „Охриднет“ несреќата се случила утрово околу десет часот кога Флоријан заедно со тројца пријатели од истото село тргнале на Галичица да ги бараат изгубените кози, информира м-р Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
Тие поради густата магла се загубиле и преминале на македонска страна. Кога одлучиле да се вратат дома Флоријан се лизнал на снегот и паднал во бездна длабока 500 метри. Падот и ударот во дрво биле фатални, тој набрзо починал.
Поради непристапните терени неговите пријатели не успеале да му помогнат. Неговото тело го извлекоа спасителите на Црвен крст.
– Во акцијата учествуваа четворица спасители во непристапни терени алпинисти на Црвениот крст Охрид кои што затекнаа повреден односно мртов човек во непристапен терен во бездна удрен во дрво ,изјави Сашо Точков претседател на црвен крст Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.