Двајца албански државјани се зaгубени во непристапен терен на планината Галичица. Според првичните непотврдени информации, едниот до нив веќе починал, јавува „Охридскај“.
Службите на Црвениот крст добиле повик да ги активираат спасувачките екипи за планини и непристапни терени денеска во 11 часот, по што веднаш се упатиле на терен.
– Спасителната служба за планини и за непристапни терени се организира и тргна на превалецот на Галичица. Се работи за предел што е непристапен и каде што има снег, вели претседателот на Црвениот крст Сашо Точков.
Според него, спасителите се на пат да ги евакуираат двете лица, од кои едното, како што донаваме, било потешко повредено, а другото послесно повредено.
– Според информациите што предмалку ги добив од Итната медицинска помош и Центарот за управување кризи, наводно, непотврдена е информацијата дека едното лице им подлегнало на повредите – додава Точков.
На терен претпладнето се упатија екипи на Итната медицинска помош, на Протипожарната единица, на Центарот за управување кризи, спасувачките екипи на Црвен крст и полицијата. Нивната работа ќе оди тешко зашто теренот е стрмен и непристапен за возила во овие зимски услови.
Познавачите на околностите велат дека поради лошите временски услови на планината Галичица не може да се интервенира ниту со хеликоптер.
Несреќата на Галичица се случила на околу 1.800 метри надморска височина, во близина на црквата „Свети Ѓоргија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.