| четврток, 6 декември 2018 |

Мајли Сајрус ја бакна танчарката на Бритни Спирс (видео)

Пејачката Мајли Сајрус за време на настапот на Бритни Спирс во Лас Вегас страсно ја бакна една од танчарките со која кратко заигра. Со овој потег таа ја шокираше и девојката како и сите присутни во салата.

Ова се случило на првиот настап на Бритни Спирс во Лас Вегас, а контроверзната Мајли се погрижи сите погледи барем накратко да бидат вперени кон неа. Танчарките на Бритни во еден момент се симнале од сцената и почнале да играат со Мајли, која во еден момент ја бакнала едната од нив.

Нејзиниот потег ја изненади танчарката која изгледаше шокирано качувајќи се на сцената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top