Концертот за дочекот на Нова година на плоштадот „Македонија“ ќе почне во 21 часот и треба да трае до раните утрински часови. Точно на полноќ, небото над Скопје ќе биде осветлено со спектакуларен огномет.
Традиционалниот дочек и оваа година е во организација на Град Скопје со поддршка на Македонски телеком и Т-Мобиле Македонија.
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски најави дека и годинава градскиот плоштад ќе биде местото за добра забава за новогодишната ноќ и ги покани граѓаните да дојдат и заедно да ја прослават Новата 2014 година.
Присутните ќе ги забавуваат македонските пејачи Калиопи, Тијана Дапчевиќ, „Куку Леле“ и младиот изведувач на народни песни Мустафа Имери.
Во текот на денот за најмладите се предвидени театарски претстави, фотографирање со Дедо Мраз и забава со детски песни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.