| четврток, 6 декември 2018 |

Шведско радио: Голема загриженост во ЕУ поради грчкото претседателство

svedsko radio

Шведските медиуми јавуваат дека во седиштето на Унијата е присутна силна загриженост во пресрет на преземањето на претседавачкиот мандат од страна на Грција, пренесува Телеграф.мк

Колку би можело да се очекува Грција да биде успешна по преземањето на улогата на претседавач со ЕУ по први јануари?

Може ли Грција, која се наоѓаше во епицентарот на европските економски проблеми, да претставува движечка сила во преговорите околу разни прашања, се истакнува во коментари во шведски медиуми.

– Да се биде земја-претседавач со ЕУ би можело да се спореди со улогата на судија во фудбалски натпревар. Треба да се овозможи играта да тече непречено, а всушност најдоброто што би можело да се случи е воопшто да не се забележи дека е присутен судијата, вели еден шведски ЕУ-репрезент во Брисел – укажувајќи дека во седиштето на Унијата е присутна силна загриженост во пресрет на преземањето на претседавачкиот мандат од страна на Грција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top