| четврток, 6 декември 2018 |

Масовна поддршка за Шумахер, Канаваро напиша на „Твитер“: Форца Шуми

Масовна поддршка за Михаел Шумахер да ја добие најтешката битка и да преживее по тешкиот пад на скијање во Франција, доаѓа од целата планета. Според информациите од болницата во Гренобл каде што 7-кратниот шампион во Формула 1  е префрлен по несреќниот пад на падините на Мерибел, Шуми е во кома и веројатно има крвавење во мозокот. Лекарите најавија прес-конференција за 11 часот.

„Форца Шуми“, напиша на „Твитер“, Фабио Канаваро, поранешниот италијански фудбалски репрезентативец, а се приклучија и уште многу светски познати спортисти. Еве дел од нивните пораки со надеж за брзо закрепнување на германскиот ас.

Дирк Новицки: Моите мисли се со Шуми.

Фелипе Маса: Се молам за тебе, брате. Се надевам дека брзо ќе заздравиш. Господ да те благослови, Шуми.

Кафу: Не предавај се, Михаел.

Џенсон Батон: Се молам за Михаел. Ако некој може да ја добие оваа битка, тоа е Шуми.

Роберто Солдадо: Ти праќам сила за да издржиш, Михаел.

Сабине Лисицки: Ова се тешки моменти, само што дознав за несреќата. Врати ни се што побрзо, Шуми.

Ромен Грожан: Моите мисли се насочени кон Шуми и неговото семејство. Издржи, легендо.

Шумахер на 3 јануари треба да наполни 45 години и е вистинска легенда во Формула 1, со рекордни 7 титули.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top