Михаел Шумахер е во кома, а ситуацијата се влошила, откако лекарите во болницата во Гренобл, откриле дека има крварење на мозокот.
Новинарката на „Л`Екип“ Керол Бушар објави дека 7-кратниот шампион во формула 1 е во критична состојба и животот му е во опасност, а ситуацијата се влошила вчеравечер.
„Попладне дошло до влошување на здравствената состојба на Шумахер, а лекарите велат дека е можно да има крварење во мозокот. Сите се загрижени за здравјето на Михаел, кој е во животна опасност“, им изјави Бушар на колегите од „Скај спортс њуз“.
Шумахер имаше стравичен пад при скијањето во Франција, во Мерибел, а со главата удрил во карпа при падот. Според првичните информации, германската Ф1 легенда имал кацига на главата при скијањето на француските Алпи. Популарниот Шуми има своја куќа во Мерибел и е страствен скијач со долгогодишно искуство.
Германскиот ас на 3 јануари треба да наполни 45 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


