| четврток, 6 декември 2018 |

ГРОМ повика на предвремени парламентарни избори

GROM Stevce Jakimovski_046

– Доколку во наредната 2014 година, во април се организираат само претседателски избори, постои сериозна шанса Македонија да влезе во уставна криза, да не се избере претседател – посочи лидерот на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Стевчо Јакимовски.

Тој ги повика најголемите парламентарни политички партии во земјава да се однесуваат крајно сериозно во наредната изборна година.

-ГРОМ апелира да се оди на предвремени парлементарни избори заедно со редовните претседателски, а доколку тоа не се случи, Република Македонија ќе се соочи со политичка криза, која ќе има и тешки економски реперкусии, а одговорноста за тоа ќе ја понесат оние партии кои не сакаат да има предвремени парламентарни избори – додаде тој и нагласи дека ГРОМ брои 18.500 членови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top