| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени 33 илегални имигранти во Албанија

LISICI AKCIJA

Полицијата од јужниот албански град Џирокастро откри група од 33 илегални имигранти, меѓу кои и три жени, што на албанска територија влегле илегално од Грција, јави дописникот на МИА.
Станува збор за државјани на Сирија, Авганистан и Судан, кои полицијата ги открила кај селото Було. Илегалците се обиделе да избегаат и се затскриле во близина на реката Дрино, но набрзо биле откриени. Кај истото село деновиве албанската полиција уапси 30 нелегални емигранти државјани на Сирија и Еритреја.
И покрај зајакнатите мерки, обидите, албанската територија да се исползува како тразит за да се продолжи патот кон некоја од западно-европските земји, на групи илегални имигранти од споменатите земји веќе станува секојденвна појава.
Според полициската статистика во текот на годинава открини се околу три илјади илегални имигранти, главно влезени од грчка територија, а бегајќи од полицијата во реката Дрино се удавени двајца. Најмногу емигранти се од Пакистан, Авганистан, Сирија, Мароко, Египет и Еритреа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top