
Саудиски принц чие име не е соопштено се соочува со смрта казна поради убиство на саудиски државјанин, пишува весникот Араб њуз. Според медиумот, ова е редок случај член на кралското семејство да се соочи со ваква драконска казна.
Во пораката за тој случај испратена од министерот за внатрешни работи, принцот Мохамед бин Наџеф, до принцот Салман, укажува дека „шеријатот треба да се применува за сите без исклучоци“.
Пораката следувала откако таткото на жртвата рекол дека не е подготвен да му прости на убиецот и дека не е задоволен со паричниот измос понуден како “крвави пари“ за прошка.
Локалните власти, како што пренесува Ројтерс, инсистирале семејството на убиениот да ги прифатат парите наместо да инсистираат на егзекуција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


