| четврток, 6 декември 2018 |

Бостон го декласира вечниот ривал Лос Анџелес лејкерс

Бостон селтикс го декласираа вечниот ривал Лос Анџелес лејкерс со 116-95, во еден од двата натпревари во НБА утрово. Келтите ја забележаа највисоката победа сезонава и се наожаат во серија од 6-0, откако останаа без стартниот плејмејкер Ражон Рондо.

Убедливиот триумф на домаќините го украси Кевин Гарнет кој даде 15 поени и стана само 16-от кошаркар во историјата на НБА што дал 25 илјади или повеќе поени.

Двата тима имаат импресивно ривалство, а играа меѓусебе дури во 12 финалиња на лигата. Лејкерс се поуспешни со 7-5 во натпреварите за титулата во НБА, но овојпат во меч од регуларната сезона одиграа катастрофално лошо.

Коби Брајант со 27 поени, не можеше сам против расположените играчи на Бостон, кои ги предводеше Пол Пирс со 24 поени.

Уште поуверливи беа кошаркарите на Денвер нагетс против Чикаго булс и славеа со 128-96. За нив тоа е осма победа во низа и тие се моментно втори во НБА зад Сан нАнтонио кој има најдолга сериоја без пораз од 11 натпревари.

Вилсон Чендлер беше најефикасен кај победничкиот тим и воопшто на мечот со 24 поени, а Кевин Фарид додаде 21 поен во триумфот на Денвер. Кај Чикаго Кук даде 19 поени, а Бузер имаше еден помалку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top