За само осум месеци подмирени се две третини од долговите што ги остави претходното општинско раководство – објави денеска градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
Тој тврди дека ја презел функцијата, на 25 април годинава, се соочил со огромни долгови по веќе склучени договори. Во овој период од осум месеци драстично биле намалени обврските на општината по основ на веќе склучени договори од претходната власт за дури 63,3 отсто.
– Тоа е направено без притоа да се запостави грижата за граѓаните и инвестициите насочени кон подобрување на животот во нашата општина. Во овој период се преземени масивни зафати за реконструкција на повеќе улици, фасади на станбени згради, ново зеленило, нови пешачки површини, нови пензионерски клубови, општинска читална, силна финансиска помош за КК Работнички. Имаме и одлични резултати во оптимизирањето на тековните оперативни трошоци на самата администрација, при што тие се значително намалени – рече Жерновски.
Тој објасни дека за 38,8 проценти се намалени исплатените износи по основ на привремени вработувања во општината. Драстично се намалени трошоците за службени патувања во странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.