Вчеравечер во „Експо центар“ неколкуилјадна публика повторно едногласно ја пееше „Црно Тиквешко“ на Владо Јаневски, но и другите негови хитови.

Чаирскиот романтичар два часа без престан предновогодишно ги загреа своите верни обожаватели, а како дополнителна закуска на сцената го придружуваа десетина згодни Македонки облечени како Баба Мразици.

– Среќен сум што ве гледам во олкав број, особено што гледам млади лица како ги пеат моите стари хитови, но присутна е и публика од мојата, постара генерација, што особено ме радува, вака заедно што се забавуваме сите. Вечерва сум само ваш! – изјави Владо.
За дочекот на Нова година во „Експо центар“ со свој сет ќе настапува диџеј Курд Маверик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


