Доволни се мали промени во начинот на исхраната, навиките и погледот на свет за да ослабнете, да ја сочувате младоста, а мозокот ќе ви работи како часовник, без разлика на возраста.
Вашите гени го полнат пиштолот, а стилот на живеење го повлекува орозот. Но, тоа не значи дека во новата година мора да се откажете од многу работи во кои уживате за организамот да ви биде поздрав.
Без разлика на тоа колку години имате и колку килограми имате, може да го контролирате своето здравје, порачува д-р Оз. Воведувајте мали, но ситни промени во начинот на живот и во исхраната, и тоа на секои три недели. По секој 21 ден, здравата навика сттанува дел од вас и автоматски ќе јадете поздраво и ќе се смеете сѐ почесто.
Совети на д-р Оз
1. Насмеј се – исполнете го својот живот со хумор. Смеењето не само што го ублажува стресот и го симнува крвниот притисок, туку го јакне и имунолошкиот состав на организмот.
2. Бидете полни со елан цел ден – јадеете повеќе житарки наутро. На тој начин чувството на глад ќе се намали и нема да имате потреба да посегнувате по слатко. За појадок јадете тврди зобни снегулки со грозје, ореви и ленено масло.
3. Појадокот не е прашање на избор – колку порано ќе почнете да јадете, толку повеќе вашиот метаболизам ќе биде поактивен во текот на целиот ден. Оние кои редовно појадуваат се послаби од оние што не го прават тоа.
4. Ритам за енергија – одредете кога ќе легнувате навечер и придржувајте се до тоа. Седум часа сон го продлабочува животниот век, го намалува стресот, ја изострува меморијата и ја намалува желбата за слатко и за нездрава, калорична храна.
5. Кога нешто ве боли, не легнувајте во кревет – кога ве боли грбот, лежење во кревет само ќе ја влоши ситуацијата. Така само ја продлабочувате болката. Станете и напијте се апче против болки!
6. Зелено друштво – пијте зелен чај трипати на ден. Тој, за разлика од црниот чај, има полифенолин кој го зајакнува срцето и го намалува ризикот од карцином.
7. Гриз шаренило – секој ден каснувајте шарен зеленчук и овошје.
8. Четкичката за заби не е доволна – колку темелно да ги миете забите, четкичката не допира до сите делови. Ако сакате и во староста да имате свои заби, редовно користете и конец за заби. Тој освен што ги чува забите, ги отстранува и бактериите кои може да предизвикуваат срцеви болести.
9. Дишете длабоко – и тоа каде било и во секоја ситуација. Тоа е мојот таен рецепт за смирување, истакнува д-р Оз. Прво вдишете што е можно подлабоко, од стомак, а потоа издишете низ нос и наполните ги белите дрробови. Една доза свеж кислород ќе ви помогне да се чувстувате будни и среќни.
10. Истегнување за срце – јогата е составен дел од моето секојдневние. Го намалува стресот, го намалува крвниот притисок, ги намалува бројот на отчувакање на срцето и ја зголемува флексибилноста на телото, бидејќи ги активира и оние мускули кои преку денот се пасивни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова никогаш никому не му го кажувајте: Ако сакате напредок еве што не смеете да им кажувате на луѓето!
-
Која љубовна лекција мораш да ја научиш во 2018 година според твојот хороскопски знак?
-
Десет животни лекции кои родителите треба да ги научат своите деца до 10. година
-
Ако сакате вашето лице да сјае изутрина, следете ги овие совети!