Каква игра! Перо нѐ извади од мртвите со лудата тројка – ова е коментарот на тимот на нашиот репрезентативен играч, Перо Антиќ, Атланта, оставен под фотографијата од македонскиот кошаркар објавена на фејсбук профилот.
Перо Антиќ ја спаси Атланта од пораз со неверојатна тројка, надвор од баланс, на само 3,1 секунди до крај, против Шарлот бобкетс, со што мечот продолжи со дополнителни 5 минути, во кои Хоукс славеа со 118-116. Со кошот на македонскиот репрезентативец Атланта израмни на 101-101, резултат со кој заврши регуларниот дел од 48 минути.
Tweets by @onlinerepublika
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.