| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Во Македонија нема политички затвореници

На прашањето за тврдењата на опозицијата дека земјава е единствена со таков вид затвореници, премиерот Груевски во интервјуто за МТВ рече:

– Во Македонија нема политички затвореници. Оние неколку луѓе за кои тие зборуваат дека се политички затвореници се луѓе кои што направиле одредени кривични дела кои се докажани со аргументи и факти. Судот ги разгледал во една, друга, трета истанца и го потврдил тоа. Тоа што некој сака да ги прикажува како жртви и како политички затвореници, тоа е дел од политичката манипулација на дневна основа, истакна Груевски во новогодишното интервју на МРТ.

Тој посочи дека му е жал што еден новинар од Македонија е во притвор и рече дека тоа надвор поинаку се перцепира бидејќи таму никој не навлегува во суштината на оваа ситуација.

Во интервјуто, премиерот вели дека политичари во чие време немало демократија, сега критикуваат дали сме или не демократско општество, како Фрчковски, Ѓунер Исмаил.

-Нивните аргументи не проаѓаат. Демократија сме, кај негого проаѓа, кај некој не, ама кај мнозинството не проаѓа. Се прави споредба како беше тогаш кога СДСМ беше на власт, како се однесуваше кон медиумите, каков беше нивниот однос, а каква е сега ситуацијата. Можеби има некои слабости и грешки, но неспоредливо е подобрена состојбата со демократијата од кога тие кои денес критикуваат беа на власт, рече тој.

Во врска со конкретниот случај на Томислав Ќежаровски, премиерот објасни дека се работи за дело “објавување на сведок“. Законот по кој се пропишува казна за ова дело, потсети Груевски, е донесен во времето на СДСМ.

Претседателот на македонската Влада нагласи дека случајот треба да му се остави на Судот да одлучува.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top