| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: До 1998 Македонија немаше Закон за јавни набавки

Исто како со судиите и со медиумите Црвенковски и неговите луѓе до 1998 сам ги договараа сите јавни набавки во земјава. Никој не знаеше како и што се набавува. Ова во интервју за МТВ вечерва го изјави премиерот Груевски на прашањето како ја гледа Македонија во економијата по 7 години на власт .

„Подоцна и покрај противењето на старите структури го воведовме и ДДВто и кога луѓето видоа дека се обидуваме да му помогнеме на бизнисот , стопанствениците застанаа на наша страна“ изјави Груевски.

„Променивме илјадници закони и правилници со цел да ја промениме Македонија особено во бизнис климата, и успеавме во тоа“, изјави Груевски на интервјуто со Горан Петревски на првиот канал на МТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top