| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот за најголемите успеси и грешки на оваа влада

„Направивме многу но и имавме многу успеси на повеќе полиња но особено сум горд што Македонија во време кога е под удар на надворешна криза и кога се случуваа различнни кризи на меѓународно ниво , кога во повеќето земји растеше невработеноста, со нашите мерки и со помош на инвеститорите од 38 ја сведовме истата на 28 насто“. Ова го одговори Груевски на прашањето што е најголемиот успех на оваа влада.

„Тоа е сеуште висока бројка но сепак мора да се признае дека таа е намалена во исклучително тешко време“ изјави премиерот Груевски во интервјуто за МТВ кое што се емитува вечерва.

Непристрасни амалитичари знаат дека ова е огромен успех, да се намали за 10 проценти невработеноста, вели Груевски.

Во врска со најголемите неуспеси Груевски ги посочи иквидноста на буџетот и враќањето на долговите кон стопанството. Тоа според него била една од поголемите слабости на оваа влада , затоа што поголго време не презела соодветни мерки. „Затоа подоцна во договор со стопанствениците заедно донесовме мерки и како што ветивме им помогнавме на сите на кои што има требаше помош“ изјави Груевски за МТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top