Со цел да се олесни протокот на луѓе и стока на граничниот премин Табановце, денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и српскиoт премиер Ивица Дачиќ го отворија Заедничкиот контакт центар за полициска соработка. Полициите од двете држави ќе се договараат за заеднички прашања и проблеми кои најчесто се однесуваат на мигрантите и лажните азиланти.
-Кога станува збор за Србија тоа главно се Ромите и Албанците, за жал, во сето тоа тешко е да се пронајдат најдобри можни мерки освен строги контроли кои ги спроведуваме, рече Дачиќ.
Тој нагласи дека иста соработка Србија има со Хрватска и Црна Гора. На прашањето дали постои можност новинарот Зоран Божиновски кој е во екстрадиционен притвор да добие политички азил, српскиот премиер вели дека до надлежната служба до сега не пристигнало такво барање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.