Српскиот брачен пар гласно се расправал во гаража трговски центар во Грац. 45-годишникот неколку пати ја прободел 29 – годишна сопруга, збидејќи сметал дека потрошила премногу пари за празничното куповање.
Очевидците велат дека тој ја бркал со ножот и ја бодел сопргуата, а кога ги забележал минувачите, ја турнал во автомобилот. На момент кога автомобилот застанал, жената успеала да избега, но тој ја стигнал и продолжил да ја боди, пренесува „Независне новине“.
Србинот се обидел да побегне, но полицијата го стигнала пред следниот шопинг центар.
За време на сослушувањето, тој признал дека ја нападнал сопругата, но тврдел дека немал намера да ја убие. Само, се изнервирал оти таа многу трошела.
Жената е оперирана и е надвор од животна опасност. Брачниот пар 11 години живеел во Австрија, а несогласувањата поврзани со пари им биле вообичаени. Поради тоа, сопругот веќе имал забрана да се приближи до заедничкиот стан, па се нашле во шопинг центарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


