| четврток, 6 декември 2018 |

„Барклиз“ (Barclays) повторно казнета

barclaysБританската банка „Барклиз“ (Barclays) е казнета со 3,75 милиони долари поради пропуст во водењето на електронските податоци, мејлови и пораки во периодот од 2002 до 2012 година, наведува американската Регулаторна агенција за финансиски пазари. Банката пропуштила да ги сочува податоците за нарачките и трговијата, деталите за сметки и други информации, како и дека не спречила измена или бришење на податоците од системот. “Барклиз“ во јули оваа година беше казнета со 435 милиони долари поради учество во местење на цените на енергетските пазари во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top