Во Лондон, на 19 и 20 март ќе се одржи првата светска модна недела за деца. Организаторите на оваа манифестација се основачи на онлајн продавница за детска облека alexandralexa.com.
Првиот ден познатите светски марки на детска облека ќе ги претстават своите колекции за есен-зима 2013/2014. Вториот ден децата на модната писта ќе продефилираат како модели и ќе носат облека за сезоната пролет/лето 2013 и тоа на дизајнерите кои се застапени во овие онлајн продавници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


