| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица загинаа во снежни лавини на швајцарските и француските Алпи

Најмалку четворица скијачи загинаа, а двајца се тешко повредени, во снежни лавини на француските и швајцарските Алпи, соопшти денеска полицијата.

Во близина на швајцарскиот ски-центар Сент Мориц, еден скијач од засега непозната националност, кој излетал од обележаната патека, загинал од лавина на Пиз Наир.

Инцидентот се случил само еден ден откако 27-годишен скијач од Ирска, кој живеел во близина на Цирих, загинал во снежна лавина во централниот дел на Швајцарија. Потрагата по него била тешка поради лошите временски услови.
Уште една лавина се случила на патеката Селерина во близина на Сент Мориц, но засега не се знае дали на неа имало скијачи.

На француските Алпи, 50-годишен чувар на планинските куќи загинал откако бил затрупан од снег кај местото Куршевел, додека неговиот син ја преживеал несреќата.

Во уште еден инцидент, во областа Сер-Шевалије, еден тинејџер бил затрупан со снег, пронајден и пренесен во болница Гренобл, каде починал неколку часа подоцна. Уште двајца скијачи кои се повредени во снежните лавини се наоѓаат во критична состојба

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top