Секретарката на Град Скопје, Гордана Клинчарова, на сите технички, логистички и креативни учесници во реализацијата на „Скопје се сеќава“, денеска им додели благодарници за партиципацијата во комплетирањето на идејното решение за проектот за одбележување на 50-години од земјотресот во Скопје.
Директорката на Универзалната сала, Вера Бошковска, ги сумираше бројките од реализацијата на овој шестмесечен проект за оддавање чест на жртвите во катастрофалниот земјотрес што во далечната 1963 година му се случи на главниот град.
Клинчарова, ја изрази својата благодарност до учесниците за несебичната поддршка што ја дадоа во организацијата и реализацијата на проектот. Секретарот Клинчарова им додели благодарници на: директорот Илија Филиповски на А.Д. Бутел Скопје, на Спортски центар „Борис Трајковски“, на Бригада за противпожарна заштита на Град Скопје, Градски дувачки оркестар, Министерство за внатрешни работи, Полициска станица Беко, Министерство за внатрешни работи СВР Скопје, Македонија турист“ А.Д.Хотел Холидеј Ин – Скопје, Ресторан „Бела Виста“ , „Далма“ Кетеринг сервис, ДУ „БЕСТЕЛ“ ДООЕЛ, Министерство за култура на РМ, Министерство за надворешни работи, Агенција за млади и спорт, Кинотека на РМ, Градежен Факултет, ИЗИИС, Сеизмолошка опсерваторија, Македонската опера и балет, Општина Аеродром, Општина Кисела Вода, Општина Бутел, Општина Карпош, MATA, Здружение на архитекти, Друштво на писатели, Дирекција за култура и уметност, Туристичка комора на Македонија, Сојуз на композитори на РМ, Сојуз на пензионери на Македонија, Црвен крст на град Скопје, Здружение на албанските историчари, Македонски Центар за Фотографија, Македонско спорстко качувачка организација, Здрежението „Акцијаши“, Радиоаматери на Македонија, Асоцијација на жени, ДЛУМ, Ансамбал „Танец“, на сите културни институции и јавни претпријатија на Град Скопје, како и на сите електронски и печатени медиуми во Скопје.
Вчеравечер, како последна програмска активност за одбележување на 50 години од земјотресот, во продажниот салон на КИЦ-Скопје, беше отворена изложбата на фотографии на Ромир Имами, насловена како „Неиспеани песни“. На изложбата се поставени црно бели фотографии, под кои се поставени одредени кодови, со чие скенирање може преку интернет да се чуе композицијата којашто е илустрирана со фотографијата над неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.