| четврток, 6 декември 2018 |

Сведоштво за погубувањето на Садам Хусеин: Последните зборови му беа „Смрт за Америка“

Поранешниот претседател на Ирак, Садам Хусеин, кој беше осуден на смрт со бесење и погубен во 2006 година, останал силен до самиот крај, не покажувајќи ни најмал знак на страв ниту каење во последните минути на животот, раскажува поранешниот советник за национална безбедност Мувафак ал-Рубаи, кој го нагледувал бесењето.

Седејќи во својата канцеларија во Багдад, во чија позадина се наоѓа статуата на Садам околу чиј врат виси јажето со кое бил обесен, тој се присеќа на последните моменти пред изведувањето на некогашниот диктарот на бесилката.

„Дали беше злосторник? Беше. Убиец? Беше. Крвник? Беше. Но остана силен до самиот крај“ – тврди Рубаи.

Тој се сеќава дека Садам влегол сам кај него во просторијата на затворот каде беше извршено погубувањето пред седум години, а носел сако и бела кошула, се однесувал нормално и опуштено, не покажувајќи ни трошка страв.

-Секако, некои луѓе бараа од мене да кажам дека се онесвестил или дека бил дрогиран. Од него не слушнав ни еден збор на каење, не му се помоли на Бога за милост, не бараше ниту прошка, како што би направил секој кој знае дека ќе умре за некоја минута – вели Рубаи.

Тој потоа го одвел Садам, кој имал лисици на рацете и го држел Куранот, кај судијата кој му ја прочитал пресудата, а Садам повторил:

-Смрт за Америка! Смрт за Израел! Да живее Палестина! Смрт за персиските свештеници!.

Потоа, Рубаи го одвел Садам во просторијата со бесилката.

-Застана, погледна во бесилката, погледна во мене, па го спушти погледот… И рече: ’Докторе, ова е за мажи’“ – раскажува Рубаи.

Кога дошол моментот кога требало да се качи на бесилката, нозете му биле се’ уште врзани, па Рубаи и останатите морале да го одвлечкаат до скалите.

Непосредно пред бесењето, сведоците му нафрлувале провокации:

„Да живее Мухамед Бакр ал-Садр“ и „Мокада, Мокада“, што се однесувало на противникот на Садам кој беше убиен за време на неговото владеење и на неговиот роднина, кој дошол на чело на моќната полиција после 2003 година.

Садам одговорил:

„Зарем се тоа мажи?“, и пред да биде повлечено столчето на кое стоел, почнал да рецитира стихови од Куранот, кои не успеал да ги изговори до крај:

„Потврдувам дека нема друг Бог освен Алах, а Мухамед…“, и настапила смртта над телото на озлогласениот Садам Хусеин.

sadam pogreb

-Никогаш не сум имал толку чудни сеќавања – вели денес Рубаи, кој три пати се нашол зад решетки за време на владеењето на Садам.

-Тој изврши безброј злостори и заслужи да биде обесен уште илјада пати, но тоа што тогаш го почувствував, беше многу чудно. Просторијата беше полна со смрт – вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top