| четврток, 6 декември 2018 |

Слепите лица од Битола добија поклон медицински помагала

Членови на Здружението на слепи лица од Битола добија звучни апарати за мерење на крвен притисок и звучни апарати за мерење на температурата, од страна на Министерството за здравство на Република Македонија и „Ротари“ клубот од Битола, објави „Орбис“.

-Сакам да се заблагодарам на Министерството за здравство и на „Ротари“ клубот од Битола за донацијата на овие помагала кои ќе значат многу за повеќе од 30 членови на нашето здружение – рече Стефче Костадиновски, претседател на Здружението на слепи лица Битола, а претседателот на Националниот сојуз на слепи лица, Жарко Саздовски, се надева дека успешната соработка со надлежните министерства ќе продолжи и во иднина.

Благој Пејчиновски од „Ротари“ клубот од  Битола вели дека членовите на клубот со задоволство ја организирале акцијата за набавка на звучни топломери.

-И во иднина ќе продолжиме да ги помагаме слепите лица од Битола – изјави Пејчиновски.

По новогодишните празници, слепите лица кои конкурираа за работни места на огласот кој го распиша Владата на Република Македонија ќе го очекуваат епилогот од постапката. Од битолското здружение, четворица се надеваат на решавање на егзистенцијалното прашање и вработување во некоја од институциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top