Во понеделник, на 30 декември, кумановскиот ноќен клуб „Лолипоп”, организира хуманитарна забава за собирање на сретства за лекување на кумановчанката Ана Марија.
Мотото на оваа забава е „Најкумановската журка на најкумановски начин со накумановските супер диџеи”.
За лекувањето на Ана Марија со свој сет ќе помогнат диџеите Александар Мамли и диџеј Чо. Влезницата е по симболична цена од 50 денари. Журката почнува од 21 часот, но ќе продолжи и по полноќ со диџеите Жаркотек, Никола, Бојан Филџи и диџеј Мао.
Вечерва, (петок 27.12) настапува бендот “Пимп д бит”, со својот оригинален драмс енд сакс перформанс. Во сабота, за прв пат во Македонија ќе слушаме фанки тарабука , диџеј хаус и перформанси на 5 тарабуки, со спој од ориентал и хаус музика. Во недела, традиционално е караокето на Саше Морж. Во вторник, на новогодишната ноќ, гостуваат 5 диџеи: Боби и Бабура од “Сити радио”, диџеј Цобе, Бранчез и Боризов. Билетите во предпродажба чинат 500 денари, а со истата цена ќе бидат на влезот на “Лолипоп” по 00:30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лила во хуманитарна акција: Во денешно време тоа што ни остана е да покажеме дека сме луѓе !
-
Собрани сретства на хуманитарен базар за децата од Домот без родители „11 Октомври“
-
Еден тон капачиња им донесоа еден тон среќа на четири семејства
-
Со стендап на Сашко Коцев почнува хуманитарната акција на МНТ