Луис Суарез го „гризна“ за рака Бранислав Ивановиќ и апсолутно се посрамоти, со невидено агресивен гест на фудбалските терени, а во 2013 година имаше уште неколкумина спортисти и спортски работници со потези што не се за пофалба.
На листата од топ 5, прв е Суарез, напаѓачот на Ливерпул, по шокантниот потег на мечот против Ливерпул. Одненадеж тој го гризна за рака бекот на Челси Ивановиќ. Казната беше 10 меча пауза, а Суарез потоа изјави дека е незадоволен од третманот во Премиер лигата и во Ливерпул и дека сака да ја напушти Британија. Најново е дека Уругваецот е среќен во Ливерпул, а потпиша и нов договор со клубот за неделна плата од 200 илјади фунти. Парите го вртат светот, а љубовта, барем според постапките на Суарез, е минлива категорија.
Веднаш зад Суарез на делба па позицијата број 2 се спринтерите Тајсон Геј и Асафа Пауел со допинг-аферата, по која беа казнети со суспензија. Двајцата атлетичари се меѓу најдобрите во историјата на трките на 100 и 200 метри и се во топ 10 најбрзи спринтери на планетата на сите времиња на 100 метри. Геј и Пауел се екстра-брзи спринтери, а многу брзо си го расипаа имиџот на топ-спортисти откако беше откриено дека користеле недозволени супстанции.
Атлетика е кралица на спортовите, Исинбаева е вистинска принцеза на овој спорт со историски резултати во скок во височина, но со хомофобичната изјава за хомосексуалците, атерираше ниско на земја.
„Можеби сме поразлични од Европјаните, но ние Русите се сметаме за нормални луѓе, каде што љубовта е само во една насока, машко со женско и никако поинаку“, беше коментарот на Исинбаева со подршка за рускиот „анти-геј“ закон. Подоцна Исинбаева ретерираше откако спонзорите се заканија дека ќе ѝ ја откажат „љубовта“, па светската рекордерка во скок со стап објасни дека слабо зборува англиски и дека била лошо разбрана.
За Англичаните традицијата е нешто свето, нешто што мора да се почитува, а „лузер“ на годината во Премиерлигата заедно со Суарез е египетскиот бизнисмен Асем Алам. Тој ги игнорираше протестите на навивачите на Хал сити, и го додаде прекарот Тајгерс на името на клубот што има нешто повеќе од едновековна традиција. Тешко е кога не ги познавате обичаите и традицијата на земјата каде вложувате пари.
Има место и за новинарите, односно ТВ коментаторите, а во топ-5 заслужено се најде, Џон Инвердејл од „BBC“.
По победата на Мерион Бартоли на гранслемот Вимблдон во Лондон, Ивердејл си дозволи луксуз да и се потсмева на француската тенисерка со груб коментар, што беше апсолутно навредлив.
„Дали се согласувате со мене дека татко и на Бартоли и рекол кога била дете дека никогаш нема да изгледа убаво“, коментираше Ивердејл. Подоцна и тој се извини, а тоа мораше да го стори и угледна ТВ куќа како што е „BBC“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џес Бејли: Решавањето на спорот за името ќе придонесе за стабилноста на регионот
-
Видео кое УФЦ сака да го забрани: Поранешна шампионка едвај преживеала поради суровите методи на отстранување килограми! (видео)
-
И тоа се случи: Играњето на шипка стана спорт
-
Кениецот Киротич Кируи – по втор пат победник на Скопскиот маратон