Иако веќе сме имале шанса да ја видиме Бразилката Адријана Лима без шминка, нејзиното ново прикажување повторно го привлече вниманието на медиумите.
Адријана Лима на нејзиниот профил на „Инстаграм“ објави фотографија по тренингот со кој сака да симне неколку килограми кои ги добила за време на божикните празници. Таа ја објави фотографијата по тренингот, а нема ниту грам шминка.
– Се подготвувам за 2014 година – напиша Лима.
Убавата Бразилка е мајка на две деца и е во врска со српскиот кошаркар Марко Јариќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.