| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се најпродаваните книги според „Амазон“ за 2013 година

inferno

„Амазон“ ја објави листата на најпопуларни, најчитани и најпродавани книги за 2013 година. На листата на најпродавани книги лани на прво место беше романот „Педесет нијанси сиво“ на авторката Е.Л. Џејмс, а оваа година на првото место е трилерот на Ден Браун „Инферно“, која кај нас ја издаде „Култура“.

Ова е четврта книга на Браун, по „Ангели и демони“, „Кодот на Да Винчи“ и „Изгубените симболи“, во кои во главна улога е веќе познатиот лик Роберт Лангдон.

На второ место е книгата „И планините одекнаа“ на американскиот писател со авганистанско потекло Калед Хосеини. Трета најпродавана книга е „Повикот на кукавицата“ од авторката Џ.К. Ролинг, која се сокри под псевдинимот Роберт Гилбрат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top